Во еден сад ги соединуваме сите состојки за премачкување на корите и оставаме на страна.
Сега на листовите блитва им го одстрануваме средишниот, тврд дел, ги миеме и ги бланшираме кратко.
Ги оставаме да се процедат.
Во еден сад ги соединуваме дробеното сирење, јајцето, сол, бибер и исцедената со раце и исецкана блитва.
Земаме еден лист кора.
Го премачкуваме со 2 лажици од кашичката, па го преклопуваме дијагонално, за да добиеме триаголник.
Краевите ги преклопуваме навнатре како на сликата.
Земаме сукало, го поставуваме на почетокот на триаголникот и виткаме како ролат, но не до крај. Oставаме одприлика 3-4 цм, со цел кога ќе ја завиткаме ружичката да ни биде тоа делче основа каде ќе го ставиме филот.
Со двете раце, ја набираме кората.
Ја вадиме од сукалото, па правиме круг и тоа делче што ни остана од кората, ни доаѓа во средината.
Ставаме по едно лажиче од подготвениот фил.
Ги редиме во тава која претходно е премачкана со малку путер.
Постапката е иста со сите кори.
Со остатокот од кашичката, ги премачкуваме ружичките одозгора, наросуваме сусам и ги печиме во загреана реrна на 200 с, околу 25 минути.
Ги оставаме на решетка да се изладат, па ги послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани