Оваа прекрасна рол пита се прави многу брзо и едноставно. Погодна е за појадок и за убав старт на денот.

1. Се подготвува филот, едноставно со мешање на млечниот намаз со јајцето и буковецот. Зачин може и по ваш вкус.
2. Се зема една кора и се премачкува со растопен путер и се напрскува со кисела вода. Се става втора кора одозгора. Исто се напрскува и во долниот дел се става 2-3 лажици од филот во една линија.
3. Кората се замотува во ролат и се става во тава за печење.
4. Постапката се повторува за останатите кори. Јас направив 5 ролати, бидејќи имав 10 кори.
5. Одозгора се премачкуваа со вишокот путер и се сечат на 3 дела.
6. Се печат на 200 степени, околу 20 мин, односно да заруменат.
7. На крај ќе добиете прекрасна крцкава и вкусна пита, која ќе посакате повторно да ја направите.

*За оние кои се на хроно, можат истава пита да ја подготват со хељдини кори. Јас затоа што не можев да најдам, ја подготвив со обични бели кори.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови