Измешајте ја чиата со водата и оставете ја 15 минути да набабри со повремено мешање.

Спанаќот или магдоносот ситно исечкајте го.

Разбијте ги јајцата со жица па додадете ја набабрената чиа и сечканиот спанаќ. Посолете и зачинете.

За подобар изглед на ролатот омлетот пржете го во четвртаста тава. Јас таква грил користев.

Ставете масло да се загрее и потоа додадете ја содржината. Печете го омлетот на средна температура со повремено подигање од краевите.

Кога е готов префрлете го врз силиконска подлога или најлон/пек хартија и откако ќе излади, премачкајте го со ајвар и завиткајте во ролат.

Ајварот не е обавезен. Можи и додека е уште топол да го наросите со рендан кашкавал или сирење, секако се зависи од желбата и она што се има по дома, а можи и да го заролате без никаков фил, и така е декоративен во секој случај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови