Многу вкусно летно мезе во кое се опфатени неколку постапки при подготовката, но крајниот резултат уверливо го оправдува трудот.

1. Модриот патлиџан се мие, се отстрануваат краевите, се сечи по должина на тенки ленти до 5 мм дебели, лентите се посолуваат со сол и се оставаат да стојат 15 минути.
2. Со салфетки или кујнска хартија се брише горчливата вода која ќе ја испушти црниот домат, а после тоа секоја лента се става на скара да се потпече. Гриловањето е потребно бидејќи ќе следи похување со јајце, при што таа постапка е доста кратка и сметам дека модриот патлиџан, директно похуван не би бил доволно испржен.
3. Секое парче патлиџан се премачкува со матено јајце, се валка во сусам и се пржи кратко во тавче на среден оган како не би прегорел сусамот. Поради брзината на оваа постапка, патлиџанот не впива многу масло.
4. Испржените парчиња се оставаат да се изладат, а за тоа време се подготвува филот кој е еден вид намаз.
5. Сите состојки за намазот-фил се мешаат со вилувче додека убаво се изедначат, а потоа секоја лента модар патлиџан се премачкува со филот и се витка во ролничка почнувајќи од потесната страна на патлиџанот. Истото се прави додека има состојки, а секоја ролничка се става во чинија, се декорира со црвен домат, копар, магдонос или по желба.

Напомена
- Бидејќи свежиот копар има интензивен вкус кој одлично се вклопува во намазот, сепак индивидуално неговата количина може да се намали или изостави.
- Користев кајмак намаз, кој доста наликува на крем сирење, при што на филот му дава доволна густина и солен вкус.
- Количината на сите состојки е за 1 модар патлиџан, по потреба се прилагодувајте си.
- Ако случајно ви остане некоја ролничка, чувајте ја во фрижидер 1-2 часа, вкусот нема да биде променет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани