Најпрво едно огромно БРАВО за тимот на МоиРецепти, што ја одбраа оваа тема баш во право време, за да можеме да добиеме многу идеи како да го збогатиме менито на нашите ученичиња. Сигурна сум дека ќе има одлични рецепти, а еве го мојот прв на оваа тема.

Парчињата леб, го поминуваме со сукало неколку пати за да добиеме тенка подлога за роловање. Ги премачкуваме со павлака, па ставаме парче пилешко филе, и парче кашкавал. Може да замените по ваша желба. Ги виткаме како ролат, боцнуваме со чачкалица на онолку места на колку сакаме да го пресечеме ролатот. Како додаток, ставаме парчиња морков и краставица, исечени на тенки ленти и шери доматчиња.
На здравје на ученичињата!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови