Многу ароматично лепче.

Од состојките за тестото замесете меко тесто. Оставете го да стаса.
За тоа време пригответе го филот.
На малку масло пропржете ги морковите. Јас ги пропржив сецкани на кручиња, но сметам дека поубаво ќе биде ако се изрендаат.
Од како ќе омекнат морковите и испуштат дел од течноста, тргнете ги на страна, додадете го толчениот лук и рузмаринот. Не ги пржете лукот и рузмаринот, аромата ќе ја дадат при печење.

Тестото премесете го, рассукајте тенка кора, нанесете го филот, замотајте ролат и оставете го да нарасне.

Печете во загреана рерна на 200 степени 20 мин, па намалете на 180 и печете уште 20 ина мин,.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани