1. Квасецот во раствараме во млака вода. Од брашното, квасецот, солта, шеќерот,  јајцата, маслото и млаката вода замесуваме средно тесто. Го оставаме да нарасне.
2. Тетсотот го делиме на 2 дела. Секој дел го делиме на 6 топчиња. Топчињата малку ги развлекуваме со сукало, врз секое премачкуваме маргарин, па врз него тесто. Така едно врз друго ги ставаме 6те теста, на најгорното не ставаме маргарин. Постапката ја повторуваме и со другите 6 топчиња. Вкупно трошиме ½ маргарин.
3. Едното купче со 6 теста го развлекуваме во правоаголна кора. Фил ставаме по целата должина на крајот од двете подолги страни. Од двете страни виткаме ролат до средината на тетсото каде ги спојуваме двата ролати. Со рака нежно притискаме за да се спојат. Истата постапка ја повторуваме и со другото тесто.
4. Ролатите ги ставаме во плех обложен со хартија за печење. Оставаме да нараснат. Со разматена жолчка ги премачкуваме и посипуваме сусам.
5. Печеме во загреана рерна на 200 степени 10 минути, па на 180 уште 25 минути

Фил- спанаќот, изварката и белките ги мешаме во еден сад, посолуваме по желба. Филот може да биде и само со изварка, тогаш ја зголемуваме количината .

Забелешка – во зависност од големината на плехот може да се направат и 3 помали ролати, на почеток тестото ќе го поделите на 3 дела и секој дел на 4-5 топчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани