Со миксер убаво изматете ги јајцата, при што пред крај ќе ги додадете мешаниот зачин и лукот во прав.

Намастете ја грил тавата или таква чествртаста и нелеплива, насекаде и заграјте ја со маслото. Потоа додадете ги јајцата и печете го омлетот на средна јачина на ринглата.

Печениот омлет одложете го врз силиконска подлога или ако немате таква, тогаш пек хартијата ќе заврши работа и оставете да се лади.

Во меѓувреме ситно исечкајте го младиот кромид и измешајте го со убаво исцедената туна од маслото или течноста од конзервата. Додадете го магдоносот, послолете и зачинете со бибер, па убаво измешајте и премачкајте го оладениот омлет насекаде со овој фил.

Внимателно завиткајте го омлетот во ролат. Оставете го добро да се стегни, па сечете парчиња и сервирајте во чинија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови