Модриот патлиџан и тиквичките ги обожаваме сите дома. Мусака, салати, намази, макала .. огромен избор на рецепти што можат да се спремат.
Овој пат се решив за овој ролат, одличен спој на вкусови, им се допадна и на домашните, па еве да ви го пренесам и на вас.

1. Прво го спремаме намазот. Со прстофат сол истолчете го лукчето до паста. Во сад ставете ги сите состојки, додадете го лукчето и промешајте да се спојат. Пробајте на вкус и ако има потреба додадете сол или некој друг зачин по желба.

2. Модриот патлиџан исечете го на тенки (3-4мм) ленти, посолете и оставете да ја испушти течноста. Потоа испржете на малку масло и одложете на хартиена салфетка да се впие вишокот масло.

3. Лентите наредете ги сосем малку да се преклопуваат во два реда. Нанесете го намазот и внимателно со помош на алуминумска фолија завиткајте во ролат. Убаво завиткан во фолија, ставете го ролатот во фрижидер да се излади и стегне.
И толку спремен е за служење.
Исечете парчиња со дебелина околу 1см и послужете.

Пријатен апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани