Вистински летен десерт.

- Во сад со миксер пенасто ги матиме јајцата, го додаваме кафеавиот шеќер или медот и продолжуваме да матиме уште 1 минута. Ги додаваме мелените бадеми притоа мешајќи со шпатула. На крај го додаваме маслото.
- Смесата ја истураме во плех со хартија и печеме 10 минути на 180 Ц.
- Праските ги сецкаме на коцки, ги додаваме во тенџере заедно со скробот, млекото, циметот и кафеавиот шеќер. Ги готвиме на слаб оган додека праските не омекнат и смесата не се згусни. Филот го ладиме.
- Ја миксираме киселата павлака и медот.
- Испечената кора ја покриваме со водена крпа. По ладењето ја отстануваме хартијата и кората најпрво ја премачкуваме со киселата павлаката и врз неа го распределуваме филот од праски.
- Ролатот го оставаме неколку часа да се стегне во фрижидер.
- Декорираме по желба, јас декорирав со сецкани праски, бадеми и листови од кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови