Одлични пецива за празничната трпеза.
1. Најпрво се подготвува филот, за да се излади пред да се стави во тестото.
2. Спанаќот се сече на ситно, се става во тава, се посолува и намаслува и се пржи десетина минути додека не омекне. Тргаме на страна и оставаме да се лади.
3. Квасецот го мешаме со 300 мл. млака вода, со шеќерот и со една лажица брашно и го оставаме да се активира.
4. Брашното го мешаме со солта.
5. Го додаваме активираниот квасец и јајцето и замесуваме многу меко тесто. Можеби нема да мора да се додаде целата вода, кога замесувате додавајте ја постепено.
6. Кога тестото е месено, набрашнете го, покријте го со крпа и оставете го на топло 30 минути да стаса.
7. Кога стасало тестото, извадете 20 до 25 топчиња.
8. Поделете ги. Ако се 20 на 4 места по 5, ако се 25 на 5 места по 5.
9. Секое топче развлечете го во коричка, а секои 5 корички редете ги една над друга, и меѓу секоја рендајте маргарин.
10. Маргаринот треба да ви биде смрзнат, многу цврст, за да може да се ренда и за да може веднаш да се развлекуваат големите кори, не смее да се топи и да паѓа од тестото. Внимавајте да ви остане маргарин за целото тесто.
11. Од малите наредени корички (четири или пет) развлечете големи, широки кори.
12. Врз нив наросете сирење и спанаќ.
13. Завиткајте ролати и исечете ги на мали ролатчиња, како на дополнителната слика.
14. Ролатчињата се редат во плех, обложен со пек хартија, се премачкуваат со јајце и маргарин и се наросуваат со сусам или друго некое семе.
15. Се печат во загреана рерна на 200 степени, 20 до 30 минути.
16. Откако ќе се испечат се покриваат со крпа и најлон за да бидат меки.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови