Овие кифлички се малку поинакви од срандардните, потешки за јадење, но многу вкусни. Така да, наместо 4, две можат комотно да ве заситат.

Квасецот се раствора со шеќерот и малку брашно во млаката вода да се активира.

Во длабока вангла се ставаат сувите состојки, а во средината водените и активираниот квасец.
Маргаринот можи да го додадете омекнат или стопен.

Се замесува глатко тесто, се покрива и се остава еден час на топло да надојди.

Киснатото тесто потоа поделете го на два дела и од секој развлечете што потанка долга правоаголна кора.

Сирењето или урдата/изварката измешајте го со јогуртот и жолчката. Посолете ако треба. И кој има и сака можи да измеша свеж власец. Со него вкусот добива малку поинаква димензија. Јас едниот дел го направив со, а другиот без.

Секоја кора се премачкува со половина од филот и се витка во ролна.
Со нож се сечат помали парчиња кои се редат во намастен плех, се премачкуваат со разбиена белка и се посипуваат со сусам.

Печете го на 250С 25 минути. Доколку ви е силна рерната, температурата малку можи да ја намалите, на 220.

Печените кифлички се покриваат со платнена салфета и се оставаат да подоладат пред да се извадат од плехот.

Овие кифлички затворени во најлон кеса остануваат меки и убави за јадење и неколку дена потоа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови