Розе пралините се всушност зашеќерен бадем со капки црвена боја. Преубави за око, вкусни како додаток на колачи во француската кујна. Прв пат ги правев, ми требаа за комисброт, никаде не можев да најдам готови овде, па морав да си направам. Овој рецепт е оригинален, но јас додадов и махлеп за поубава арома.
Бадемите треба да се нелупени, но јас имав лупени, листови и кршени. Па решив да ги искористам. Не се карамелизираа баш сите исто, зашто и материјалот ми е различен, но сепак го добив тоа што ми треба, нијанси на зашеќерен бадем.

Состојките се ставаат во тенџере (со дупло дно) и се зовриваат.
Пред да се карамелизира шеќерот, се тргаат на страна и се мешаат со дрвена лажица додека шеќерот не се налепи на бадемите. Треба како гроздови да се направат...
Се ставаат на хартија во плех да се оладат.
Сега можете да ги употребите по желба...

Листовите ги ставав на крај, за да не се распаднат. Махлепот одлично се вклопи.
За појако розево, повеќе боја, а мене светло розевите ми се најубави.
Брзо се прават, а многу декоративни за колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани