На радоста и немаше крај кога конечно и јас си набавив розен кори Ч))). Едните веќе ги „смачкавме“ со фил од карамел и ореви и ми остана уште ова, последно паковање кори на кое еве сега му дојде редот.
Најпрво да нагласам дека питава не е многу блага, кој си е љубител на послатки десерти, ќе треба да достави шеќер барем во филот од афион. Нам блажината ни беше таман.

Подготовка
Најпрво подгответе го ванила кремот.
Во дел од млекото растворете го пудингот, додадете го шеќерот и жолчките и убаво изматете со жица за матење. Остатокот од млекото ставете да зоврие, додадете растворениот пудинг и сварете го кремот. На површината од кремот ставете стреч фолија и оставете потполно да излади.
Слатката павлака изматете ја убаво и додадете ја во изладениот ванила крем. Изматете со миксерот. За да не ви се направат грутчиња, најдобро прво со миксер изматете го пудингот па потоа додадете ја изматената слатка павлака.

Фил од афион
Ставете го млекото заедно со шеќерот и путерот да се свари. Откако ќе зоврие додадете го афионот и мелените бисквити и продолжете со варење уште 2-3 минути. При тоа мешајте цело време со жица за матење.

Чоколадна глазура
Чоколадото и маста ставете да се стопат на пареа.

Филување
Корите се филоваат со врел фил од афион, а ванила кремот е ладен.

Кора 1-3 се филува со врел фил од афион
Кора 4 се филува со ванила крем
Гора 5-7 се филува со врел фил од афион
Кора 8 се филува со чоколадна глазура (нареден ден)

Откако ќе ги исфилувате корите, одозгора ставете стреч фолија или послужавник па на него некој потежок предмет (книга или сл.), оставете така преку ноќ во фрижидер па наредниот ден премачкајте ја питата одозгора со чоколадната глазура. Оставете 15-тина мунути во фрижидер да се стегне па сечете парчиња по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани