И за око и за душа, префинети ролатчиња. Нема кој не се воодушеви од нив!
Најчесто модрите патлиџани ги печам на кришки и ги чувам во фрижидер, а по потреба ги корстам за разни комбинации.

1. Исечете ги на кришки, посолете, по 10 минути измијте ги, исушете ги и премачкајте со маслиново, повторно посолете, по желба. Ставете ги да се печат на 200 степени на горната решетка, во плех со хартија.
2. Сварете компири и јајца, може и повеќе према ваши потреби, користете ја само белката, исецкајте ја и испасирајте го компирот.
3. Додадете малку парченца цвекло, сок од цвеклото, сол, нарендајте мускатно оревче, пресирано лукче, павлака.
4. Секоја кришка патлиџан завиткајте ја со фил и малку магданос и ги имате овие ролатчиња.
Одлично мезе, многу декоративно, а и вкусно.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови