Оваа година поради немање време вака скромно со овие коцки го одбележавме мојот роденден.

Пандишпан
Белките и шеќерот изматете ги во цврст снег.
Со постојано матење додајте ги жолчките.
Откако ќе се соединат жолчките додајте го брашното, рогачот и ситно ренданото чоколадо.
Измешајте со шпатула.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија и печете на 180 степени, 20 минути.

Крем
Ставете го млекото да се загрее.
Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата.
Додајте го прашокот за пудинг и малку од млекото и со жица убаво изматете.
Откако млекото ќе се загрее до зовривање, со постојано мешање со жица во млаз додајте ја изматената смеса.
Мешајте додека се згусти.

Оставете го кремот да се олади, а потоа соединете го со претходно изматената слатка павлака.

На изладениот пандишпан отстранете ја хартијата и премачкајте го со кремот.
Оставете го колачот во фрижидер да се стегне, а пред сервирање исечете го на коцки и декорирајте по желба.
Јас за декорација се послужив со слатко од цреши.

Забелешка
Ако сакате пандишпанот да ви биде посочен откако ќе се олади попрскајте го со млако млеко или сок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани