Изматете ги белките во цврст снег, така што ќе го додавате постепено шеќерот и на крај киселината. Потоа со дрвена лажица едносмерно вмешајте го брашното и оревите.
Излијте ја смесата во плех од шпоретот обложен со пек-хартија и печете во загреана рерна на 160С додека малку подотемни горе и е цврсто на допир.

Ставете го шеќерот и водата на шпорет и оставете го да се карамелизира без мешање. Откако ќе се карамелизира, измешајте ги сечканите потпечени ореви и излијте ги во силиконски калап најтенко што можи. Оставете да се здрват и оладат, па потоа сомелете ги.

Додека дојди до точка на вриење павлаката (500мл) изматете ги жолчките и шеќерот со миксер и додадете го пудингот, па вмешајте ги во врелата павлака мешајќи до згуснување. Тргнете на страна и оставете да излади.
Путерот и шеќерот во прав изматете го пенасто и во него додадете го сварениот крем од жолчки.
Потоа додадете ја преостанатата слатка павлака (200 мл) и матете до фин крем.

На ниска јачина на ринглата стопете го чоколадото со путерот и млекото.

Паднишпанот исечете го на 3 еднакви дела. Секој премачкајте го со стопеното чоколадо, а врз него обилно нанесете од меленијот грилјаж. Потоа, филовајте со ванила кремот од жолчки. Украсете по желба. Јас се решив за чоколаден прелив и украси од тофи и мачмалоу колачиња.

До предлани воопшто не сакав да си го славам роденденот. Сметав дека тоа е наметнато клише. Но, откако животот ми удри шамар и ми даде втора шанса, секоја плус година пресметав дека вредела да се прослави. Така во мојата имагинација по мој вкус, настана оваа торта со ова име. Каков и да е, животот е убав, а среќата е најголема во малите нешта Ч )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани