Прекрасен појадок или десерт во комбинација со омилениот чај.

- Во поголем сад се соединува брашното, содата, пецивото и солта.
- Во друг сад путерот се миксира заедно со шеќерот или медот, се додека путерот не стане пенест. Се додава јајцето и киселото млеко, смесата се миксира до соединување.
- Постојано миксирајќи се додаваат сувите состојки заедно со млекото.
- Смесата се истура во помал плех обложен со хартија.
- Праските се лупат и се сецкаат тенко, се редат врз тестото.
- Состојките за ровкото тесто ги соединуваме во процесор за храна или рачно. Добиените трошки ги распоредуваме рамномерно врз праските.
- Печеме 35 минути на температура од 170 Ц.

Напомена
Питата е посочна доколку праските се зрели.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови