- Исецкајте ги кромидот, цедлерот, пашканатот и морковот
- Залијте ја исчистената риба со вода и ставете на оган да се свари. Сварена извадете ја и од коски исчистете, а водата процедете.
- Во друго тенџере ставете масло на кое ќе прижите ситно исецканиот кромид нека се пржи додека стане стаклест, додадете ги морковот, пашканатот и целерот и продолжете да пржите. Кога ќе забележите дека веке е доволно со пржењето, почнете да подливате со водата во која се вареше рибата, нека проврие и повторно згусти. Додадете ја од коски исчистената риба кај зеленчукот, повторно додадете малку од водата во која се вареше рибата, вода и сокот од доматите. Разбркајте, зачинете со зачинките кои вие ке ги изберете, поклопете тенџерето и оставете да се вари на тивок оган се додека повторно не ја добиете густината која одговара на чорба од овој вид. Варењето трае околу 1 час и половина. На самиот крај пред готовноста додадете го столчениот или ситно исецканиот лук.
Напомена
- Пиментот јас никогаш овде не би го изоставила, а и каранфилчето... тие даваат добар вкус на оваа чорба. Шеќерот исто така ја намалува киселоста на доматите. Оваа чорба според рецептот треба да е од разни врсти на речна риба. Во недостаток на изборот од риба најчесто ја спремам со Ослич и задволни сите по дома.
- Денес во недостаток на доматен сок изблендирав пелати, добиениот сос го разредив со малку вода.
- Ја сакам пикантна оваа чорба и додавам лут буковец, кога има свежи црвени пиперки тогаш нив ги користам и го збогатуваат вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани