Класичната преубава реформ торта, збогатена со сос од малини, кој дава еден освежителен, киселкаст, овошен вкус на оваа торта, што ја прави уште повкусна за јадење.
Јас си ја подготвив за мојот роденден и баш убаво и се насладивме.

Тесто
1. Се матат белките со прстофат сол и пополека лажица по лажица се додава шеќерот. Се мати со миксер додека да се стопи целиот шеќер.
2. Се додаваат оревите и брашното и се меша со лажица.
3. Смесата се дели на два дела и се пече во правоаголен плех, на 180 степени 15-20 мин., на хартија за печење.
4. Печените кори се превртуваат, се отстранува хартијата и се сече на два еднакви дела, по должина. Така ќе добиете 4 долгнавести кори.

Фил
1. Жолчките и шеќерот се матат убаво. Потоа се ставаат на пареа и се матат додека да се добие убаво густ крем.
2. Во топлата смеса се додава кршеното чоколадо и се меша за да се растопи.
3. Маргаринот пенасто се мати и се додава во чоколадната оладена смеса. Сето тоа убаво се поврзува со миксер.
*Многу битен момент е да ја чекате да се олади до крај смесата од жолчки, шечер и чоколадо, бидејќи ако е топла и ја поврзете со маргаринот, ќе се растече цел фил!

Сос од малина
1. Малините се блендираат и се ставаат на оган да се затопли смесата. (Ако не ги сакате семките од малина, процедете ја смесата)
2. Во нив се додава шеќерот и ванилата и се меша додека да проврие.
3. Се додава разматениот густин, убаво се меша додека да се згусне смесата.
4. Се остава убаво да се излади.

Редење на тортата
1. Кора
1/4 Сос од малина
1/4 чоколаден крем
2 Кора
1/4 Сос од малина
1/4 чоколаден крем ... се повторува постапката до крај, односно 4 пати.

Целата торта се премачкува со вишокот чоколаден фил и се остава убаво да се излади.

Се декорира по желба.

Истата торта може да се подготви во округол калап, бр 26, но со 3 кори и на три пати поделени сосот од малини и чоколадниот фил.
Ако сакате со 4 кори, користете 15 јајца, 350 гр шеќер и ореви.
Мене ми се попрактични за сечење правоаголните торти, затоа се одлучив да ја направам на овој начин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови