1. На оган се става млекото и се варат пудинзите.
2. Сварениот пудинг се остава убаво да се олади.
3. Во сад се става сувото грозје и се залива со румот, се остава да отстои 1 час.
4. Чоколадото се ренда.
5. Во сад се матат путерот и шеќерот во прав.
6. Откако добро ќе се измати му се додава изладениот пудинг.
7. На смесата се додаваат сецканите ореви, исцеденото сувото грозје, чоколадото и ресаните исечени на половини или на четвртини.
8. Убаво и внимателно се промешува целата смеса.
- Се формира по желба. Мојата беше во калап за кекс.
- Одозгора се премачкува со разматена слатка павлака или се глазира со чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови