Рецепт кој дава шанса да се приготват и поедрите корнишони
 
- Измиените корнишони исечете ги на четвртина по должина. Доколку одлучите да ставите и морков, исто така и морковот. Ставете во подлабок сад, вангла или кофичка. Во нив доддете ги исечениот на кругови кромд, лукот, магдоносот, биберот, додадете ги останатите состојки сол, шеќер, оцет и маслото. Измешајте убаво, оставете да стојат околу 5 часа. За тоа време тие ќе ја пуштат својата течност.
- Соберете ги во тегли, залијте ги, затворете со капачките, ставете ги во тенџере со вода и нека провријат. Времето е некаде околу 15 мин. откако почнале да вријат. Тргнете од огнот, извадете ги и превртете ги со капачките надолу завиткајте ги. Оставете ги до нивно потполно оладување.
Напомена
- Кога ќе ги заливате со течноста таа ќе стои како матна, но после пастеризацијата се избиструва.
- Кога ќе ги заливате со течноста ќе ви се чини дека нема да стаса, не се полни теглите и за тоа не се секирајте. За време на пастеризацијата ќе се залијат, но мора да го испочитувате и времето на стоење. Ако ги чувате пократко време навистина нема да ви стаса.
- Не ги преварувајте нека останат рупкави.
- Морковот не е задолжителен. Ова е рецепт само за корнишонот, ама јас сама си додадов за сметка на намалување од корнишоните. На оваа количина од корнишон додадов само 1/2 кгр. морков, така само да се шаренее.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани