Прекрасно, декоративно јадење, кое е многу вкусно и е одлично за хронери.
Лесно се подготвува, само ви треба време за продготовка на зеленчукот и ќофтињата. За разлика од класичното веге рататуј, ова има и ќофтиња, за да биде по хроно. Ако сакате веге/посна варијанта, наместо ќофтиња, ставете печурки.

1. Ќофтињата се прават класично.
Кромидот се ренда. заедно со лукот, магдоносот се сецка. Се меша со меленото месо и со доматниот сос за да се поврзе. Ако сакате може и јајце да ставите во смесата. Зачините се ставаат по вкус и избор.
Се формираат мали ќофтиња и се запржуваат кратко, колку да фатат коричка.

2. Во рака редиме „сендвич“ од модар патлиџан, кромид, тиквичка, домат и повторно исти редослед модар патлиџан, кромид, тиквичка, домат и едно ќофте.
3. Во округла тава го ставаме првиот „сендвич“. Потоа правиме уште еден со ист редослед и се така се реди во круг.
4. На крај, тавата се прелева со маслиново масло, морска сол, црн бибер и се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови