Оваа мусака е подготвена по принципите на хрононутриција и наместо компир, користам црвени пиперки ајварки. Може да се користат и тиквички или модар патлиџан.

1. Се сецка поситно кромидот и се запржува во тава, на маслиново масло. Потоа се додава и месото и се пржи.
2. Се додаваат зачини по вкус.
3. На крај се додаваат пиперките, исецкани на не многу мали коцки и сето тоа заедно се динста.

На крај добивате вкусен ручек, кој мене ме потсетуваше на растурена мусака, па затоа и така ја нареков.

Одлично одоговара со свежа салата од кинеска зелка и краставици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови