Ако не ви се витка сарма еве начин како да си подготвите растурена, ем посна ем вкусна.

Подготовка
1. Празот и кромидот ситно ги сечкаме и ги ставаме на масло да се упржат до омекнување, на средна температура.
2. Лукчето и печурките исто ги сечкаме во големина по желба. Ги додаваме кон празот и тие да се запржат и омекнат.
3. Просото го миеме и го додаваме на веќе запржената смеса. Пржиме кратко до соединување.
4. Ја додаваме ситно насечканата зелка.
5. Ги додаваме зачините и со расолницата ја прелеваме целата смеса да ни биде покриена.
6. Ги додаваме мелените ореви, промешуваме да се распоредат убаво состојките и печеме во загреана рерна додека да испари водата.

Забелешка
Шољата е од 250 мл. Зачините кои ми се напишани ставајте си ги по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани