Дозата е за еден човек. Ако правите за повеќе зголемете ги состојките.
Рибата, најубава е ако е црвена, обарете ја кратко, минута, две. Исчистете ја од коските и кожата. Не ја ситнете многу, оставете поголеми парчиња.
Во тавче ставете малку маслиново масло, јас обично користам луто, зачинето.
Запржете ја рибата кратко од двете страни. Сега ставете го исечканото лукче и лимонот исечен на тенки парчиња. Зачинете и ставете го виното. Нека повари неколку минути. Тргнете го и ставете го исечканиот магдонос.
Лебот тостирајте го и одозгора ставете од рибата. Накапете го со сокот што ви останал.
Уживајте, излижете си ги прстите и напијте се чаша бело вино. Задоволството е големо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови