Од малку состојки направив совршенство од ролат.
Босанците мои пријатели, би рекле уххх богати како је добра ова твоја измишљотина :)))
Прво ги вариме јајцата, морковот и ги сецкаме на ситни коцки.
Во еден сад ги соединуваме со грашокот, крем сирeњето, зачините.
Оставаме во фрижидер да одстои 15 минути.
Сега листовите спанаќ кратко ги бланшираме и ги редиме на крпа да се просушат.
На хартија за печење ги редиме листовите гауда, по малку да се преклопуваат.
Плехот го ставме во рерна кратко 4-5 минути.
Веднаш го вадиме, ги редиме листовите спанаќ, притискаме малку и го нанесуваме кремот.
Убаво размачкуваме и виткаме во цврст ролат.
Го завиткуваме во фолија и го оставаме 3 часа во фрижидер, па сечеме на косо парчиња.
Сервираме и послужуваме со добар аперитив.
Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани