Наутро кога се нема многу време, ова е мој предлог. Кога ми го кажаа рецептов, всушност и не беше некој конкретен рецепт, само дека се ставаат 2 јајца, а другото од око, па со експериментирање си добив мерки.

- Рерната се вклучува на 200 степени.
- Јајцата и солта се матат со жица, се додава маслото и млекото.
- Постепено се додава брашното и пецивото, се мати.
- Со миксер смесата се доизматува доколку има грутчиња, да се добие мазна смеса малку погуста од таа за палачинки.
- Во округло тавче бр. 24 или 26 се става малку масло, не многу само колку да го покрие дното, се става неколку минути во загреаната рерна да се вжешти маслото.
- Тавчето со загреаното масло се вади од рерна, внатре внимателно се истура смесата која треба да прочврчори и се враќа назат во рерната да се пече 15-20 минути.

Разлеаната мини пита при печењето може на некои места да се надуе, тоа е нормално, а мене ми излезе вака со издигнат прстен на краевите.
Се сервира и јаде топла ставајќи одозгора сирење, кечап, оригано и друго по вкус, а може да се стават и благи работи како џем, еурокрем, мед ...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани