Декорација за мајонезна салата со пченка.
Одамна ја имав на ум, но сега и дојде редот.
Убав спој на состојки, мешавина од зеленчук..
Се одлучив за пченката како сладок зеленчук, да ја вклопам во декорацијата.
Па еве како изгледа мојата декорација составена од млади листови на праз и зрна пченка.

Подготовката е следна.
Во зовриена вода, посолена вода, ставете 200 гр миен и чистен ориз.
Откако ќе се свари, процедете го и почекајте да излади.
Не го разварувајте многу, оставете нека е брои зрното.
Во друг сад ставете ситно сецкани коцки од кромид и кашкавал.
Откако ќе излади оризот помешајте ги заедно.
Во микро стоплете ја мешавината од замрзнат зеленчук.
Јас користев замрзнат зеленчук зачинет и со коцки путер.
Вие можете да го додадете зеленчукот во салатата, па да додадете едно лажиче растопен путер.

Посолете по вкус.
Мајонезот го користев само за вкус.
Смесата сама си се сврзува од оризот.
Во садот каде ќе ја сервирате, оформете во вид на клавче.
Премачкајте со мајонез,на оние делови каде се гледа од морковот, грашокот...нека биде цела бела кога ќе ја погледнете.
Отворете ја конзервата пченка и почнете да редите.
Редете на тој начин да изгледа како вистинско клавче.
На долниот дел, постелете ленти од праз, па прекријте ги со добро измиени листови од свежо клавче.
Измешајте ги листовите од пченка и листовите од праз,нека има шаренило на боите, побледо зелено со малку потемно зелено.
На долниот дел со чепкалка прицврстете ги листовите праз, но прикријте ги да не се гледаат.
Тогаш веќе ќе имате убава салата која на лик е како вистинско клавче.

Забелешка
Направив две салати.
Во едната ставив и малку ситно сецкан карфиол.
Верувајте вкусот е прекрасен. Мајонезот можете да го избегнете во составот, па да го употребите само за премаз.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови