Брашното ставете го во садот за мешање. Во брашното додадете ја солта сувиот квасец, јајцето и маслото.Со постепено додавање на млаката вода мешаме додека не добиеме густа каша. Смесата ја сипуваме во делиција округлата тава за печење малку премачкана со масло.
Печеме на 220 степени половина час додека не добие убава златна боја. Пред печење премачкајте го лебчето со малку масло.
Преубаво пченкарно лебче или една варијанта на кумановска бареница која се подкопува со дрвена лажица или се рони па потоа се попарува со свинска маст.
Наша варијанта за конзумација е со убаво овчо сирење...на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани