Уште еден вкусен комат од Дебарскиот крај, кој вреди да се проба и направи.

- Во сад ги ставаме двете брашна и една лажица сол. Постепено ја додаваме водата која што треба да е вриечка, притоа постојано мешајќи со дрвена лажица. Тестото го оставаме половина час да одмори и да се олади.
- Го спремаме филот на тој начин што го сецкаме празот и го пропржуваме се додека не омекне. Оставаме кратко да се олади, потоа ја додаваме урдата, солта и јајцето и се заедно промешуваме.
- На набрашнета површина тестото го делиме на 6 топчиња. Секое топче го намастуваме со масло и го сукаме во кора во големина на чинија. Корите ги редиме една врз друга, а меѓу ги премачкуваме со маслото. Корите ги расукуваме во една голема кора во големина на тавата за печење. Ја префрламе во намрсената тава или плех, со рацете ја порамнуваме и го ставаме приготвениот фил од праз и урда.
- Врз филот наросуваме неколку лажици пченкарно брашно и масло.
- Печеме на температура од 200 Ц 35-40 минути.

Напомена
Дел од урдата може да се замени со бело сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови