На моите деца ова им е фаворит ужинка. Лесно се подготвува, а е особено вкусна.

Подготовка
1. Сувите состојки ги соединуваме, а кашкавалот го рендаме на најкрупната страна на ренде во еден сад.
2. Течните состојки заедно со разматените јајца исто ги соединуваме.
3. Течните ги додаваме кон сувите состојки и соединуваме. На крајот го ставаме и ренданиот кашкавал. Убаво соединуваме со лажица, а може и со миксер.
4. На хартија за печење во тавче ставаме по една полна лажица од смесата, во форма на топка.
5. Ги ставаме да се печат на 190 степени во загреана рерна околу 12-15 минути.

Забелешка
Бојата треба да им биде златно жолта, затоа внимавајте да не ги препечете.
Може да се направат и без сув спанаќ.
Бидејќи многу брзо се подготвуваат најдобро е пред да почнете да ги спојувате состојките да си ја вклучите рерната да ви се загрее.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани