Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
Во модлите за мафини ставете хартиени корпиња.
Белките изматете ги во цврста бела пена.
Во друг сад пенасто изматете го путерот па постепено додавајте ги двете врсти на шеќер. Додавајте ги една по една жолчките, убаво изматете ја смесата. Брашното и пецивото додавајте ги наизменично со слатката павлака. На крај намалете го миксерот на најмалата брзина и измешајте ги белките во смесата со путер.
Полнете ги модлите со тесто, да бидат 3/4 полни. Во секоја од нив ставете по две малини и малку со прстите натиснете ги во тестото.
Се печат 25 минути.
Оставете на решетка убаво да се оладат, па украсете ги со шлаг пена подготвена според упатсвото за употреба или едноставно посипете ги со шеќер во прав.

Од овие состојки излегуваат 12 мафини со средна големина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани