Прекрасни, меки, вкусни лепчиња кои топло ви ги препорачувам.

~ Во садот каде ќе се меси се става млекото (може и ладно), шеќерот, солта, маслото, растопениот путер и издробениот свеж квасец. Се мати со жица.
~ Во течната смеса постепено се додава брашното (првин 600 гр.), се замесува тестото и по потреба се додава брашно колку ќе треба за да се измеси меко тесто што не лепи.
~ Тестото се премачкува со масло, се става најлонска фолија и се остава да кисни 30 минути.
~ Потоа тестото се размесува уште малку, се прави форма како салама и се сечат 12 парчиња.
~ Секое парче се рассукува малку како правоаголниче, се мачка со путер и се витка како сарма. Сите обработени лепчиња се редат во намрсена тава и се оставаат да киснат 1 час.
~ Потоа се премачкуваат со јајце, се наросуваат со сусам и се печат во загреана рерна на 200 степени 20-30 минути, односно онолку колку е потребно според вашата рерна.

Јас ги направив вака внатре празни, намачкани само со путер, а може да си ставите кој што сака. Меки се и другиот ден, секако ако ви останат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани