Во топлата вода се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.
Нека се активира, па се додаваат јогуртот, млекото, растопениот путер, сол и јајцето.
Убаво го промешуваме сето со помош на вилушка или маталка.
Сега со рака месиме постепено додавајќи брашно.
Тестото треба да биде замесено понамеко.
Го покриваме и оставаме да кисни 30 минути.
Потоа го делиме на два дела
Јас едниот дел го исучив како правоаголна кора, многу танко го премачкав со путер и го завиткав како ролат.
Потоа ролатот го исучив во долга танка лента, го премачкав со крем сир, сечев триаголници и виткав кифли.
Другиот дел од тестото само го расучив, во округла кора, значи не го премачкав со путер и не го ролав, туку одма намачкав крем сир.
Ја поделив кората на 12 триаголници и виткав кифли.
Се редат во плех и се премачкуваат со растопен путер.
Се печат 25 минути на 200 степени.
На сликата горната кифличка е од зароланото тесто, а долната кифличка е од расученото тесто( округлата).
Вие изберете како ќе ги направите, нема да погрешите, бидејќи се вкусни и така и така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани