Во вангличка се ставаат маслото, млекото, јогуртот, јајцето, се промешуваат со вилушка, па се додаваат сол, шеќер, и брашно.
Се замесува нелепливо тесто, а по потреба се додаваат уште 20-30 гр брашно.
Тестото се дели на 12 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка
Десет корички се премачкуваат со путер.
Се редат на 2 места по 6 корички, едно врз друго, при тоа не се премачкува горната коричка.
Сега од првото купче се сучи правоаголна кора, се дели на половина по должина, па на триаголничиња.
Од секое триаголниче се витка мало кроасанче.
Се редат во плех, се покриваат со чиста крпа и се ставаат во ладна просторија да одстојат 8 часа.
Потоа се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам и се печат на 200 степени околу 20 мин.
Многу погоден рецепт, наутро ги замесив и формирав, а после работа само ги испечив.
Меки се како душа. Значи не го чекаме квасецот да се активира туку се се замесува заедно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани