Ова е еден брз, кремаст колач во кој основата е пудинг и путер, а останатите состојки можете да си ги додавате по ваш вкус и желба.

Подготовка
1. Колачињата се сецкаат на покрупни парчиња.
2. Чоколадата се сецка ситно.
3. Прашакот за пудинг се меша со шеќерот и потоа се вари со млекото додека да се згусне. Се остава да се олади убаво и од време на време се промешува за да не фати кора.
4. Кога убаво ќе се олади му се додава изматениот путер, прехрамбената боја, ликерот од мента, фстаците и сецканите колачиња. Се остава да постои околу ½ час за да омекнат колачињата.
5. На крај се додава сецканата чоколада, се меша внимателно и смесата се става во правоаголен калап, обложен со прозирна фолија.
6. Калапот се става во фрижидер убаво да се олади. Околу 2 часа пред да го послужите ставете го во замрзнувач за убаво да се стегне и да се сечат поубави парчиња.
7. Оладениот колач превртете го на тањир за послужување.Растопете ја чоколадата и слатката павлака и со оладениот ганаш прелејте го колачот. Убаво е ако можете уште еднаш да го оставите колачот во фрижидер за да се стврдне глазурата убаво и да не ви влегува во колачот кога ќе го сечете(како на мене).
*за колачот се употребени сендвич колачиња од типот на Орео, меѓутоа вие може да си употребите било какви по ваш вкус.
*ликерот од нане е по желба, ако не сте љубител слободно може да си додадете друг од кафе, портокал или да не го додавате воопшто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани