1. Пудингот се раствора во 50 мл. млеко.
2. Остатокот од млекото се меша со шеќерот и се става на оган за зоврие.
3. Кога е зовирено се додава пудингот и се меша додека истиот да згусне.
4. Пудингот се трга од оган, се додава и чоколадото, се меша да се истопи, па се остава 1 час да се излади.
5. Откако малку е подизладен, се полнат чашите, според ваша желба. Во чашата се ставаат по неколку вишни, дел од пудингот и кршени бисквити или колачиња по желба.
6. Брз, лесен и едноставен десерт. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови