Јајцата се матат со солта, се додава во млаз маслото, па топлото млеко и на крај двата вида на брашно помешано со пецивата. Се изедначува смесата и се додава претходно исчистениот, измиениот, издробениот и бланшираниот ( убаво исцеден) спанаќ и ренданото сирење.

Се излева со намрсен сад и се посипува со сусам.

Се пече во загреана рерна и тоа 30 мин. на 200 степени и уште 10-15 мин. на 180 степени.

Нека одмори малку, подизлади, покриена со памучна крпа и послужете со шоља јогурт.

На здравје!

*Финџалот е од 200 мл..
*Финџалот со масло не до горе полн, попразен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани