Проја без пченкарно! Може и така. Уште еден рецепт каде што нема утка, нема чекање, лесен, брз и едноставен!
1. Јајцата и солта се матат пенесто.
2. Се додаваат маслото и јогуртот, па се проматува пак.
3. Потоа се додава брашно, пециво и се останато од намирниците.
4. Убаво се меша се, и се става да се пече во намрсена тава бр. 36. Јас пројата ја посипав со сусам и сончоглед одозгора.
5. Пред да ја истурам смесата во тава, претходно на средина ставив мал метален сад (види слика), за да добијам форма на куглоф.
6. Вие изберете ја вашата омилена тава за печење (може и во куглоф, калап за векни итн.).
7. Се пече во загреана рерна на 180 степени, 15 – 20 минути (додека да порумени и да се оддели од краевите на тавата.
8. Откако ќе се излади малку се сече и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови