Решив дека сакам да си направам крекери по мој вкус и да ги има многу.
Ми успеа. Многу убави испаднаа. Пилиштарциве се изнајадоа.
Морам да нагласам, дозата е многу голема. За почеток, може да подготвите половина доза.

Просото сомелете го во блендер. Не мора да е идеално, може да има покрупни парченца.
Сите суви состојки убаво измешајте ги во садот, а потоа додадете го маргаринот, путерот или мастта.
Месете го тестото убаво да се соединат состојките. Ќе добиете ронливо тесто.
Додавајте ја течноста полека, со месење, за да не стане тестот многу лепливо. Јас додадов вода, но со пиво или бело вино може да има убав шмек.

Тестото рассукајте го во дебелина од 0,5 см и вадете форми по желба.
Печете на 200 степени 15ина мин, малку да поруменат.

За посната варијанта користете маргарин. 

Убави се, ровки и  може да стојат подолго.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани