Прво во една вангличка ги ставаме сите состојки за тесто.
Со прсти правиме трошки, а потоа замесуваме нелепливо тесто.
Го завиткуваме во фолија и стои во фрижидер 30 минути.
Потоа сучиме кора, вадиме форми и ги обложуваме калапчињата со тесто.
Ги печиме околу 15 минути на 190 степени.
Ги превртуваме, ги вадиме кошничките и оставаме да се изладат.
Сега го подготвуваме кремот.
Во касерола налеваме млеко, карамелите и шеќерот.
На тивок оган оставаме да се соедини.
Оставаме малку да се излади, па го додаваме густинот и вариме до згуснување.
Со повремено мешање го ладиме кремот.
Ја матиме слатката павлака.
Ја додаваме кај кремот.
Го додаваме и крем сирењето.
Убаво соединуваме.
Со овој крем ги полниме кошничките.
Одозгора редиме домашни, миризливи, ситни јагоди.
Декорираме со ливчиња нане и послужуваме.
Може да се користи било кое несолено крем сирење.Јас користев филаделфија крем сир.
Вкусотијаааааа......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани