Спанаќот убаво се мие, се цеди и се сече ситно.
Оризот се вари во посолена вода со вегета и се остава да се олади.
Во подлабок сад се става спанаќот, оризот, јајцата,сирењето и ситно сецкано лукче. Убаво се замесува смеса и се остава во фрижидер 20 минути.
Смесата ќе биде леплива затоа се користи двопекот. Овие ќофтиња се прават поголеми.
Во чинија се истура двопекот и се обликуваат ќофтиња со помош на двопекот и се пржат на загреан зејтин.
Ако не можете поинаку да ги натерате дечињата да го јадат спанаќот пробајте вака-кај мене успеа.Може да се служат со гарнир, месо или само со павлака-секој по свој вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани