Фета сирењето го ставме во еден сад и го гмечиме со вилушка.
Ги додаваме мелените индиски ореви, власецот, биберот, протиснатото лукче и копарот.
Сето убаво го соединуваме и оставаме да одстои во фрижидер 30 минути.
Потоа формираме бомбици, ги декорираме со по едно зрно, сервираме и послужуваме.
Одлично оди како ладно предјадење со добра чашка ракија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани