1. Фидето се потопуваат во врела вода и се оставаат 5 минути.
2. Краставицата и молкивот се сечат на тенки лентички, а крајот од марулата се сечи на ситно но широкиот дел се сечи само по должина во средината.
3. Авокадотото исто така се сечи на парченца.
4. Шкампите се чистат од черупките и им се отстранува црниот ,,конец,, кој што го имаат по средината на грбот. Ако не се бланширани се бланшираат во врела вода додека си ја променат бојата (1 минута). Ако шкампите се големи се сечат на половина по должина ако се помали се оставаат цели.
5. Нудлите се процедуваат и се измиваат со ладна вода.
6. Во еден сад се става топла вода и во неа внимателно се потопува една оризова кора за 10 секунди кората се става врз површина која што треба да е влажна може да е крпа или дрвена даска.
7. Се подредува во едниот крај едно врз друго прво големиот лист марула, па морковите и краставиците па оризовите нудли па малку насечкана марула.
8. Пред нив се ставаат неколку парченца авокадо, а пред авокадото се редат готовите шкампи.
9. Пролетните ролнички се виткаат како сарма и се оставаат на страна ако не се послужуваат веднаш. треба да се прекријат со навлажнета кујнска хартија и да не се доближени едно до друго затоа што може да се залепат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови