Едноставна за подготовка, а многу вкусна и декоративна салатичка.

1. Компирите и јајцата се варат, се ладат и се лупат.
2. Состојките за преливот убаво се промешуваат.
3. Компирите се сечкаат на покрупни коцки, им се додава младиот кромид сечкан на тркалца, ротквицата и руколата. Се додава масло, сол, бибер и лимонов сок по вкус и убаво се меша.
4. Состојките се ставаат на тањирот во кој ќе се служат и одозгора се редат јајцата пресечени на половинки и парчињата мортадела.
5. Салатата се прелива со преливот од мајонез и уште еднаш се наросува мелен бибер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани