Компирите сварете ги со лушпа. Истурете ја водата откако ќе се сварат и оставете ги потполно да се изладат.
Излупете ги и сечкајте ги на кругчиња со дебелина од околу 5мм. Ставете ги во длабок сад. Додадете го кромидот сечкан на прстени.
Краставицата убаво измијте ја со ладна вода и исечкајте ја на многу тенки кругчиња. Додадете ја и неа во садот. Посолете, набиберете на вкус и додадете го мајонезот. Внимателно измешајте, наросете со сечкан магдонос и ставете ја салатата да отстои најмалку 30 минути во фрижидер пред да послужите.
Краставицата ќе пушти малку вода која компирот ќе ја впие со што салатата ќе добие на сочност.
Одличен прилог е кон пржена или печена риба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани