Во топло млеко ставете го квасецот,шеќерот и брашното.Оставете да стаса...
Во него додадете јајцата,масло,јогурт и сол.
Додадете ги брашната и замесете тесто средно меко...оставете да стаса околу 15 мин.
Тестото поделете го на два дела.Едната топка поделетеја на4 дела.Секое тесто расукајте го во правоаголник и премачкајте го со путер само не последното.
Ставете ги едно врз друго и расукајте поголема кора,исечетеја на 15 кифли кои ќе ги расечете на средина тенкиот дел префрлетего на средина два пати
Кифлите редете ги на почеток на тавчето(бр.30) во круг.
Од второто тесто делиме малку тесто за топката во средина,со останатото тесто расукуваме правоаголни кој го премачкуваме со путер и мотаме ролат од поширокиот дел.Овој ролат го мачкаме со белка и го посипуваме со пченкарно брашно го ставаме целиот ролат во круг и го засекуваме со ножици така да правиме листови.Средишниот дел(топката)премачкајте ја со белка и посолете со лен.
Печеме во загреана рерна на220степена околу 5 мин.,а потоа 200степени 20-30мин.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани