Прво малите здрави главички прокељ ги чистиме од надворешните ливчиња.
Во една касерола налеваме вода, малку сол, малку лимонов сок и ги бланшираме околу 6-7 минути.
Бланширањето зависи од самата големина, но може да се провери со вилушка, да се боцнат, ако оди лесно, тогаш се готови.
Ги истураме од водата и ги редиме на чиста кујнска крпа да се просушат.
Во еден сад ги спојуваме сите состојки за тестото.Треба да добиеме малку погусто тесто од она за палачинки.
Сега го ставаме маслото на среден оган да се загрее,
Секоја главичка прокељ ја потопуваме во тестото и со помош на лажиче ја спуштаме во маслото.
После 3-4 секунди одма ја превртуваме со цел и од другата страна да фати коричка, за да не ни избега тестото и потоа ја допржуваме од двете страни, додека добиеме златна боја.
Ги редиме на хартиени салфети.
Сервираме со мали шери домати, со пржено биено сирење или како прилог на некое печено месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани