Оваа торта е идеална за вистинските љубители на принцес крофни! Прекрасна, кремаста, вкусна и лесна за јадење. Јас ја подготвив за роденден на драга личност и беше вистинско изненадување и уживање.

Тесто
Стандардното тесто за подготовка на принцес крофни се користи и за оваа торта.
- Се загрева водата и путерот, додека да зоврие и да се стопи путерот.
- Потоа се трга на страна и се додава брашното и убаво се меша за да не останат грутчиња. Се става и пецивото и се меша за да постепено и се олади.
- Тестото се лади до крај, да биде ладно.
- Потоа едно по едно се додаваат јајцата и се меша со миксер со жиците за тесто или пак со дрвена лажица.
***Не користете силиконска шпатула, ќе ви се раздвојат состојките (од искуство).
- Тестото го распределуваме во калап, со тоа што страничните делови да бидат подебели, а средишниот дел да е потенок.
- Тестото се пече во калап бр, 28. - препорака стоун леџнд, 10-12 мин на 200 степени, па потоа уште 15 мин на 180 степени, без да се отвара рерната.
- Додека се пече, ќе се добијат многу интересни форми и тестото ќе се издига како вулкан, со што ќе добие неправила форма.
- Печеното тесто се остава да се излади во тавчето, а потоа се вади и се става на решетка, покриено со крпа, да се лади и суши цела ноќ, за да фати коричка и да биде цврсто.

Фил
- Сварете пудинг од млеко, шеќер и растворен прашак за пудинг. Се остава да се излади убаво, најдобро цела ноќ.
- Се мати слатката павлака, со неколку капки лимон, во густ крем. Потоа се додава изладениот пудинг и се матат заедно. Ќе добиете многу убав мазен крем.

Чоколаден прелив
- Се топи чоколадото со путерот и на крај се додава ванилата.

Редење на тортата

Изладеното тесто се прелева со чоколадниот прелив и се остава малце да се излади и здрви.
Врз преливот распределете го филот и 1/4 оставете за декорација.
Остатокот од филот ставете го во готварски шприц, без никакви додатоци и направете пуфки околу цела внатрешност на тортата.
Врз нив наросете квалитетно какао во прав.
Страничните делови од тестото прелијте ги со чоколаден прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови